Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Samuel 6

:
Macedonian - 1990
1 А ковчегот Господов остана во областа Филистејска седум месеци, и се наполни таа земја со глувци.
2 И Филистејците повикаа жреци вражачи, па рекоа: »Што да правиме со ковчегот Господов? Поучете нѐ, како да го испратиме до местото негово?«
3 Тие, пак, рекоа: »Ако сакате да го испратите ковчегот на заветот на Господа Бога Израилев, не испраќајте го без ништо, туку принесете Му жртва за вина; тогаш ќе се излекувате и ќе дознаете, поради што не отстапува од вас раката Негова.«
4 И тие запрашаа: »Каква жртва за вина треба да Му принесеме?« Тие одговорија: »Според бројот на филистејските кнезови пет златни пликови и пет златни глувци; зашто еднаков е поразот врз сите нас и врз кнезовите ваши;
5 и така, направете извајани подобија (слични) на вашите пликови и извајани подобија на вашите глувци, што ја опустошија земјата, и воздајте Му слава да Бога Израилев; можеби Он ќе ја направи и полесна раката Своја над вас, над боговите ваши и над земјата ваша;
6 и зошто да го ожесточувате срцето свое, како што го ожесточија срцето свое Египтјаните и Фараонот? Ете, кога Господ ја покажа силата Своја над нив, тие ги пуштија и тие тргнаа.
7 Па така, земете, направете една нова кола и земете две крави доилки на кои јарем уште не е ставен, и впрегнете ги кравите во колата, и телињата нивни одведете ги од нив дома;
8 и земете го ковчегот Господов и ставете го на колата, а златните работи, што ќе Му ги принесете како жртва за вина, ставете ги во ковчеже отстрана; пуштете го и нека оди;
9 Но гледајте, ако тргне кон пределите свои, кон Ветсамис, тој ни го направил тоа големо зло; ако пак не, ќе знаеме, дека не раката Негова нѐ поразила, туку тоа станало со нас случајно.«
10 Така и направија: зедоа две крави доилки, ги впрегнаа во кола; а телињата нивни ги задржаа дома;
11 и го ставија на колата ковчегот Господов, ковчежето со златните глувци и извајаните пликови.
12 И тргнаа кравите право по патот кон Ветсамис: одеа сѐ по еден пат, одеа и мукаа, но не скршнуваа ни десно, ни лево; а филистејските кнезови одеа по нив до пределите на Ветсамис.
13 Ветсамиските жители токму го жнееја житото во долината и, откако погледнаа, го видоа ковчегот Господов и се зарадуваа, поради тоа што го видоа.
14 А колата дојде во нивата на Ветсамиецот Исус и таму се застана; имаше таму еден голем камен, и исцепија дрва од колата, а кравите ги принесоа на Господа како жртва.
15 Левитите го симнаа ковчегот Господов и ковчежето, што беше до него, во кое се наоѓаа златните работи, и ги ставија на големиот камен; а ветсамитските жители принесоа тој ден жртви сепаленици и жртви за благодарност на Господа.
16 И петте филистејски кнезови го видоа тоа и се вратија истиот ден во Акарон.
17 Златните пликови што Филистејците Му ги принесоа на Господа како жртва за вина, беа: еден за Азот, еден за Газа, еден за Аскалон, еден за Гет, еден за Акарон;
18 а златните глувци беа според бројот на сите филистејски градови на петте кнезови, од укрепените градови и отворените села до големиот камен, врз кого го ставија ковчегот Господов и кој и до ден денес се наоѓа во нивата на Ветсамиецот Исус.
19 Меѓу ветсамиските жители не се зарадуваа синовите Јехониеви, иако го видоа ковчегот Господов. И Бог уби од нив педесет илјади и седумдесет души. И народот заплака, бидејќи Господ го порази со голема погибел.
20 И ветсамиските жители рекоа: »Кој може да стои пред Господа, пред Овој свет Бог и при кого од нас ќе отиде Он?«
21 И испратија пратеници при жителите на Киријат-Јарим да кажат: »Филистејците го вратија ковчегот Господов; дојдете и земете го при вас!«